Друштвото Кожа-мак ДОО Скопје е основано 1992 година од страна на Ѓорѓи Трајковски со основна дејност производство на заштитна облека од кожа.
Самите почетоци се карактеризираат со производство и големопродажба на заштитни ракавици и работна облека изработени од кожа. Од своето основање па до денес нашето производство следи нагорна линија и опфаЌа поширок спектар на производи за заштита при работа изработени од кожа и текстил. Денес слободно може да се пофалиме дека сме единтвени производители во државата за заштитни рукавици и слична заштитна опрема од кожа.
Од нашиот продажен асортиман може да Ви понудиме Се за Вашата лична заштита при работа (заштита за глава, заштита за раце, заштита за нозе и заштита за тело), сигнална опрема и противпожарна опрема. Ви нудиме производи кои се со врвен квалитет, производи кои ги задоволуваат потребните стандарди за заштита при работа, кои ги пратат домашните и европските нормативе, прописи и препораки и ги поседуваат потребните атести и сертификати.
Главните адути према кои се водиме:
· Богат, квалитетен и добро одбран асортиман;
· Конкурентни цени;
· Можност за прилагодување-флексибилност во работата;
· Едноставна хиерархиска структура која овозможува брзо донесување на одлуки;
· Брза испорака;
ни овозможуваат полесно да функционираме и одговориме на барањата на нашите потрошувачи и соработници. Прецизноста и коректните односи кои ги имаме со нашите соработници се согледуваат преку навремено подмирените обврски, навремено реализираните договори и спогодби.
Повелете разгледајте и одберете го она што Ви треба од нашиот асортиман, доколку не го пронајдете тоа што го барате Ви стоиме на располагање да одговориме соодветно на Вашите потреби и барања,
Со почит,
Крсте Трајковски